Во две големи полициски акции, уапсени 13 дилери на дрога

Во две големи координирани и поврзани акции реализирани во последните три месеци, основното јавно обвинителство Скопје и Единицата за недозволена трговија со дрога при Секторот за недозолена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција на СВР Скопје открија повеќе дилери на дрога и психотропни супстанци. Во реализираните акции уапсени се вкупно 13 лица и запленети се 14 килограми амфетамин, над 1 килограм кокаин, околу 23 килограми марихуана, 3000 таблети екстази и таблети МДМА.

Имено, тројцата обвинети за илегална трговија со дрога и амфетамин за кои обвинени поднесе јавното обвинителство во Скопје се дел од двете големи полициски акции.

Обвинетите   на 25 декември, во атарот на селото Катланово во Скопје, тројцата обвинети заедно, неовластено организирале и заради продажба држеле психотропна супстанца – амфетамин во вкупна нето маса од 7.044,4 грама, која  првиот обвинет ја понудил на продажба за сума од 15 000 Евра. Кога се сретнале за да се реализира продажбата, другите двајца обвинети стоеле во непосредна близина за да известат доколку забележат движење или присуство на полиција.  При полициска акција, координирана од надлежниот јавен обвинител, обвинетите биле затекнати и се обиделе да избегаат. Сепак, полициските службеници ги лишија од слобода тројцата обвинети, а психотропната супстанција ја запленија.

Како дел од истата операција, во тек е постапка против уште едно лице, осомничено за помагање при извршување на кривичното дело, додека со едно осомничено лице кај кое беше откриено помало количество дрога вчера беше склучена предлог-спогодба со која тоа го признава делото.

Според информациите на Обвинителството за спроведените акции, на 4 февруари оваа година откриени се дрога и психотропни супстанци во продавница за домашни миленици при што едно лице е приведено, а следниот ден пронајдена е и марихуана во автомобил.

Следниот месец, на 1 март откриен е кокаин во автомобил при што приведено е едно лице, а по само 16 дена откриена е лабораторија за производство на синтетички дроги во Скопје.

25.03.2023 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега