Тројца обвинети за илегална трговија со дрога и амфетамин во Скопје

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции.

Двајца од обвинетите се гонат за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во временскиот период од почетокот на ноември до средината на декември 2022 година, со умисла вршеле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тие неовластено продавале наркотична дрога – марихуана и психотропна супстанца – амфетамин на зависници во Скопје. Третиот обвинет се гони за соизвршителство при последната продажба.

25.03.2023 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега