Во Дебар расте бројот на новозаразени со Ковид-19

Во последното деноноќие во Дебар потврдени се два случаи на новозаразени со Ковид-19, што е 13 -ти случај во овој месец. Најголема бројка на заразени или 10 беше регистрирана на први август, кога за жал еден заболен почина.

Во последните 24 часа во списокот на оздравени впишан е еден пациент. Најмногу оздравени, од почетокот на пандемијата, беа регистрани на 31 јули или 17 лица.

Со денес потврдените две новозаразени лица, вкупната бројка изнесува 208, од нив во списокот на оздравени се впишани 83, починаа седум, додека активни на болеста се 118 лица, од кои десеттина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

Од општинскиот Оперативен штаб посочуваат дека бројот на новозаразените ќе расте бидејќи и понатаму голем е број на граѓани кои се јавуваат со симптоми на опасниот вирус во Општата болница.

-Апелираме на строго почитување на мерките и протоколите. Посебен апел упатуваме до младите, кои во голем број се во кафулињата и се релаксираат на брегот на Дебарско Езеро, а при тоа не почитуваат ниту одржување физичка дистанца, ниту носење заштитна маска, апелираат од Оперативниот штаб.

Според статистичките податоци на дебарското одделение за внатрешни работи, во изминатото деноноќие на две лица им се издадени прекршочни платни налози за неносење заштитна маска. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа