Во Црна Гора пристигнаа 5.000 дози од Спутник вакцината- во наредните неколку дена се очекува и кинеската вакцина

Контингент од 5.000 дози на руската вакцина Спутник V пристигна денеска на аеродромот во Подгорица, соопшти црногорската Влада.

Вакцините ги прими црногорската министерка за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ на аеродромот, објавено е на Твитер профилот на црногорската влада.

Тоа е првата испорака од 50.000 дози обезбедени од Владата преку билатерални преговори.

Во следните неколку дена, контингент со донација од 30.000 дози кинеска вакцина Синофарм треба да замине за Подгорица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега