Во Центар Жупа до 17 часот гласале 27,98 отсто од граѓаните

Во Општина Центар Жупа до 17 часот на гласање излегле 1960 или 27,98 отсто од вкупната бројка запишани во единствениот избирачки список, потврдија од Општинската изборна комисија.

Изборниот процес тече без проблеми, што го потврдува и фактот дека до комисијата, како што потврдуваат, нема доставено ниту еден приговор.

Изборите во оваа општина се повторуваат само за градоначалник поради необезбедениот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело.

На локаланите избори на 17 октомври минатата година до 17 часот гласале 1.691 гласачи или 23,11 отсто од вкупно запишаните 7.317 лица со право на глас, што пак беше за десеттина помал процент споредено со локални избори во 2017 година.

Во оваа општина над 60 отсто од популацијата се во некоја од западно европските земји, главно во Италија. Познати бизнисмени во оваа земја, по потекло од Жупа, обезбедија бесплатен превоз па во изминатте два дена прастигнаа околу 700 печалбари. По гласањето иселениците повторно организирано заминуваат за Италија. 

17.04.2022 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега