Четириесет и осумгодишниот скопјанец кој беше застрелан синоќа на влезот во Арачиново е Азиз Мурати, познат пејач на албанска народна музика.

Според полицијата, околу 1:50 часот кон Мурати пукало лице што тој го познавал, а кое било во автомобил заедно со уште едно лице.

Повредениот бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.

Неговата здравствена состојба е стабилна и тој е надвор од животна опасност.

Мурати е долгогодишен изведувач на албанска фолклорна музика, познат по настапите на свадби и семејни веселби.

Exit mobile version