Денеска во земјава ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има услови и за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе се движи во интервал од 28 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
„Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=33°C. P=978hPa. U=45%. V=3m/s“, објави 4news.mk.
Во следните два дена времето ќе го задржи сончевиот и топол карактер. Утре попладне повторно наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Промена на времето следува за деновите од викендот, кога под влијание на циклонска активност ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер, а од сабота дневната температура ќе биде во значително опаѓање.


