Дваесет и осумгодишна битолчанка е лишена од слобода откако, според пријавеното, во семејниот дом со остар предмет го нападнала својот татко.

Инцидентот се случил вчера околу 22:30 часот во Битола, а при нападот мажот се здобил со расекотина.

Полициски службеници од СВР Битола ја привеле жената.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version