Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно
    • Есента полека доаѓа: Од среда 4 степени наутро – неделна временска прогноза
    • Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп
    • Цветна елеганција на Претседателката Сиљановска во Битола
    • „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
    • Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел
    • СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон
    • Утре е голем празник: Мала Богородица – овие се обичаите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во акцијата во Драч приведен осомничениот за убиството на офицерот на АРМ во скопско Батинци

    Во акцијата во Драч приведен осомничениот за убиството на офицерот на АРМ во скопско Батинци

    10.07.2026 во 16:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Осомничен за убиството на офицерот на АРМ во Батинци во 2025, но и за решетањето на возило „форд“ во истото село, една година претходно е едно од лицата поврзани со криминалната група „Беланоца“ кое е уапсено во Драч, Албанија со помош на албанската полиција и Американската ДСС.

    Според информации на Press24, 26-годишниот Муса Џавит е еден од двајцата приведени.

    Џавит се сомничи дека пукал во офицерот на АРМ во Батинци, но и една година претходно во истото село во возило „форд“ во кое се возеа двајца жители на селото Црн Врв. Едниот од нив е убиен, а другиот заврши со тешки повреди.

    Според пишувањата на КОД од пред речиси една година, Џавит претходно бил осуден на 2 и пол години затвор за поседување оружје.

    Во акцијата на албанската полиција и Американската ДСС приведен е и Сенафи Нуредини, 34-годишник роден во Норвешка. И тој се сомничи за поврзаност со „Беланоца“.

    -Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”,  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.  При лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата. Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија, соопштија претходно од Министерство за внатрешни работи.

    Прочитај повеќе

    Младо момче ќе одговара кривично – полицијата го фати со марихуана

    20.09.2026 во 12:15

    Трагедија ја потресе Македонија: Загинаа две лица, три се повредени

    20.09.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.