СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.
Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување И документирање на ваквите пријавени настани.
Актуелно
- Филипче: Граѓаните ќе плаќаат скапа струја поради катастрофалното менаџирање на Владата
- Вадефул: Прекинот на огнот во Украина нема да ја запре руската закана
- Лишен од слобода малолетник: Возел автомобил и учествувал во сообраќајка
- ВМРО-ДПМНЕ: Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа
- Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија: Извршени две сложени микрохируршки операции
- Само еден инфлуенсер во Македонија се пријавил во регистарот на АВМУ
- Утре во Драмски театар: Комеморација за Лазе Манасков
- Сиљановска Давкова: Судењето за „Пулс“ ќе покаже дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата

