СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.
Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување И документирање на ваквите пријавени настани.
- Серија апсења во Скопје
- Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос
- Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите
- „Ме следеше и ме допираше по телото“ – исплашена скопјанка се јавила во полиција
- Претепан ученик на голем одмор, напаѓачот извадил и пиштол – Драма пред училиште во Скопје
- Хорор во Скопје: 17-годишник избодел 15-годишник
- Скопје: Шестгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа со тротинет и автомобил
- Се преврте автомобил во Скопје – повредени две млади девојки

