Иако сме среде зима, подготовките за новата туристичка сезона во Хрватска веќе започнаа, а со нив и добро познатите измами. Словенечкиот портал Siol.net упати сериозно предупредување до сите туристи кои веќе бараат сместување на Јадранот, нагласувајќи дека лажните станодавци се поактивни од кога било.
Според извештајот, измамниците користат украдени фотографии од луксузни вили и нудат нереално ниски цени за да привлечат невнимателни гости. Проблемот стана толку сериозен што во Фејсбук групите за „Црна листа“ веќе се појавија примери за веб-страници кои нудат вили што воопшто не постојат или се преземени од легални платформи како Booking.com.

