ВМРО-ДПМНЕ:Шилегов народот ги памети твоите лажни ветувања

„Ако Шилегов не може да поверува во проектите кои ги нуди кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, тогаш тоа е негов личен проблем и тука му нема помош.

Граѓаните препознаваат што се проекти од нивен интерес и затоа ќе ја поддржат Данела Арсовска. Очигледно за неработникот и неспособен Шилегов е неверојатно дека некој може да вети и да оствари капитални инвестиции во Скопје, бидејќи тој покажа дека ниту знае ниту има капацитет. Негововите ветувања од минатите избори за тунели под Кале, зип лајн, забавен парк, почист воздух, булевари мостови, останаа големи лаги“ - се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
 
Во истата е нагласено: „Епа Шилегов после победата на Арсовска ќе видиш што е мандат со посветена работа и дела, а не лаги и неспособност каков што беше твојот промашен мандат“.
 
29.09.2021 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега