ВМРО-ДПМНЕ: Зошто во владата никој не носи маски?

Зошто во владата никој не носи маски? - Ковачевски крши протоколи, и го загрозува јавното здравје, велат од наголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако на сила се протоколите за носење на маски во затворен простор, а тоа е и услов за влез во затворени објекти, Ковачевски исто како неговиот шеф Заев се става на законите и протоколите.

И додека Заев се возеше со мотори во време на карантин, Ковачевски организира седници без маски и без дистанца.

Ковачевски е опасност по здравјето на граѓаните. Државниот здравствен инспекторат да поднесе кривична пријава против Ковачевски, како одговорно лице и организатор.

 

Одговорност мора да има“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

02.02.2022 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега