ВМРО-ДПМНЕ: Заев создаде мафијашка држава и не може да говори за иднина и правна држава

Аболицираниот Зоран Заев е синоним за корупција, криминални и рекетарски шеми, не само во Македонија, туку и пошироко, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Македонија во овие три години стана најкорумпираната држава во Европа, хибриден режим во кој се направени 18 милијарди финансиски криминал. Јавноста виде како торби со Луј Витон изрекетирани пари се шетаат низ државата, а има сведоштво дека завршиле токму кај него лично. Сите слушнаа како се тргувало со правдата и како на неистомислениците им биле палени автомобилите со амин на Заеви. Класична мафијашка држава стана Македонија со Зоран Заев. Тој е последниот кој треба да говори за иднина и правна држава. Од позицијата предводник на телото за реформи во судството си обезбеди само нова амнестија за себе и го штитеше криминалот на своите луѓе“ стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова народот ќе го казни на 15 јули и Заев ќе одговара.

 

„СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!“ стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа