ВМРО-ДПМНЕ: Заев и мафијата ја направија земјава со најскапа струја во Европа, а најсиромашен народ

Владата на СДСМ ја втурна Република Македонија во рецесија. Зоран Заев создаде богата влада, сиромашен народ. Заев и мафијата ја направија земјава со најскапа струја во Европа,а најсиромашен народ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека граѓаните на Република Македонија се сиромашни и гладуваат, Заев и неговата влада се гоштеваат со октоподи и скапи пијалоци. Поради Заев и СДСМ јавниот долг на Република Македонија е енормно зголемен од нивното доаѓање на власт, од третиот квартал во 2017-тата година заклучно со вториот квартал во 2020-тата година за една милијарда и 740 милиони евра или вкупно 11,8%.  А, пак државниот долг од 2017-тата година заклучно со вториот квартал во 2020-тата година е зголемен од 3 милијарди 958 милиони на 5 милијарди 561 милион. Тоа се цели 1,6 милијарди евра или тоа е за 11,3%.  Катастрофалните мерки на оваа власт предизвикаа драстичен пад од 12.7% на БДП во вториот квартал во 2020 година, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека поради СДСМ Македонија бележи и пад во индустријата, увозот и извозот, а невработеноста е зголемена за над 40.000 лица.

-Наместо помош Заев на граѓаните им понуди покачена струја за 7,5%. Заев со неговите мерки и политики успеа само својот и џебовите на неговите најблиски да ги наполни на сметка на граѓаните. Но на ова мора да се стави крај, затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест. Во среда на 9-ти септември со почеток од 18 часот, појдовна точка ќе биде министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Време еза обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.09.2020 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа