ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се откаже од фалсификат попис, да направиме електронски попис кој сите ќе го поддржиме

Зоран Заев и власта да се откажат од спроведување на насилен попис кој ќе биде фалсификат, чии бројки веќе однапред коалиционо ги договориле и наместо тоа да се организира електронски попис кој сите ќе го поддржиме, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека за доброто на државата да го повлече пoстојниот Законот за попис и наместо фалсификат попис да се спроведе електронски попис.

„Електронскиот попис ќе се спроведе врз основа на јасна методологија, со мечирање на повеќе бази со податоци.

ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со собирање на потписи за поништување на постојниот Законот за попис, а доколку власта помине и преку волјата на граѓаните, ќе повикаме на масовно попишување на населението во државата и на сите македонци од дијаспората. Ќе има трага, а при промена на власта ќе бидат детално разгледани злоупотребите при пописот за што ќе има и одговорност.

 

Заев има шанса да се откаже од фалсификатот и да прифати електронски попис“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2021 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега