Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте

    29.10.2026 во 12:50

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ има само една реформа – Распродавање на државните интереси

    ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ има само една реформа – Распродавање на државните интереси

    05.06.2026 во 09:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче е погласен промотор на барањата за уставни измени отколку Бугарија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое ви го пренесуваме интегрално.

    Филипче и СДС единствена агенда којашто ја имаат се туркање на уставните измени и внесувањето на Бугарите во Устав.

    СДС и Филипче ги игнорираат позитивните оценки од Антонио Кошта за спроведувањето на Реформската агенда, ги игнорираат и средствата обезбедени преку Планот за раст, но затоа прв приоритет им е упорно туркање на темата за уставни измени.

    За Филипче и СДС не се важни домашните приоритети во државата, тие работат во прилог на бугарските позиции. За Филипче и СДС постои само една реформа, а тоа е уставните измени и распродавање на државните интереси.

    Граѓаните знаат дека токму СДС беше носител на најконтроверзните и најголеми политички отстапки во изминатите децении. Од промена на знаме, име, Устав, до денешните барања на Филипче за редефинирање на историјата, јазикот, културата и идентитетот.

    Филипче продолжува по истиот пат на Заев, Ковачевски, барајќи нови отстапки и прифаќање на услови кои не придонесуваат за достоинствен и рамноправен европски пат.

    ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека националните интереси, македонскиот идентитет, јазик и историска посебност не смеат да бидат предмет на политичко пазарење. Македонија заслужува европска иднина, но не по цена на нови понижувања и откажување од сопствените национални обележја.

    Времето кога СДС, Заев и останатите безусловно прифаќаа туѓи диктати е завршено. Македонија ќе продолжи напред со крената глава, бранејќи ги своите државни и национални интереси.

    Влада
    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.