Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Времето на недопирливите моќници во правосудството мора да заврши

    ВМРО-ДПМНЕ: Времето на недопирливите моќници во правосудството мора да заврши

    17.09.2026 во 10:042 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС и ДУИ оставија зад себе правосуден систем во кој граѓаните не гледаат еднаквост пред законот, туку двојни стандарди, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата велат дека постојат случаи во кои, според нив, за полесни прекршоци се изрекуваат високи затворски казни, додека за случаи поврзани со сериозни кривични дела и смртни последици, како што се случаите „Ласкарци“ и пожарот во модуларната болница во Тетово, одговорноста изостанува.

    „За кубење коса се суди четири години затвор, а за кражба на 150 ќебапи три години“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека ваквите случаи ја нарушуваат довербата на граѓаните во правосудството.

    Од партијата ги посочуваат и случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица, како и случајот „Мазут“, за кој тврдат дека е тежок 167 милиони евра. Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните со години чекаат на целосно расчистување на овие случаи.

    „Кога треба да се испита одговорноста на моќни поединци и интереси поврзани со СДС и ДУИ, постапките се одолговлекуваат, а одговорноста изостанува“, се наведува во соопштението.

    Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека правосудството не смее да биде под партиско влијание и дека законот мора еднакво да важи за сите граѓани.

    „Правдата не смее да има партиска книшка, а законот мора да важи еднакво за сите и правдата да биде достапна за сите граѓани“, додаваат од партијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.