Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 69-годишен маж извадил пиштол по караница во Желино, полицијата му поднесе кривична
    • Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос
    • Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи
    • Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството
    • (ФОТО) Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип
    • „Брат ми ми се заканува со нож“ – Семејна драма во Велес
    • Тешка сообраќајка на скопската обиколница: Се судирија автобус и „мерцедес“ – има повредени
    • Падна полицаец од Тетово: Наместо казни од 300 евра за брзо возење, издал предупредување и казна од 45 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие

    ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие

    19.11.2025 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Измина веќе и втората недела од локалните избори и историскиот пораз на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Од СДС нема никакви решенија, ниту кадровски или политички промени, како што најави Венко Филипче.

    Партијата продолжува се повеќе да тоне, истакнати партиски членови и поддржувачи јавно ја искажуваат нивната разочараност и повикуваат на промени, но Филипче се држи за претседателското столче како да е негова приватна сопственост.

    Во СДС врие и револтот веќе никој не го крие, се погласно и се поотворено членовите, активистите и поранешни функционери зборуваат дека Венко Филипче веќе нема никаков кредибилитет и дека со секој изминат ден дополнително ја тоне партијата.

    Наместо да ја прифати одговорноста за најлошиот резултат на СДС во историјата на партијата, Филипче повторно бега од реалноста и вината ја гледа на друго место, освен во себе.

    Со барањето други кривци за поразот и со тоа што не поднесува оставка, Филипче само покажува дека е личност без морален интегритет и доблест.

    Наместо тоа, гледаме како Венко Филипче продолжува со истите партиски комбинации, со истите луѓе и со истите веќе видени матрици. Изборот на Александар Трајановски за негов заменик, е уште еден обид да се зачува влијанието на Заев, односно таа партиска матрица и влијание што СДС го доведе до колапс.

    Партиските членови, активисти и симпатизери, но и граѓаните гледаат дека вакво раководство нема ниту план, ни визија, ниту пак сила и доблест за промени.

    Едно е сигурно, СДС со ваков партиски врв оди во уште поголема пропаст и ако продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо, сакале тие да признаат или не“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00

    Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството

    21.10.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.