ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев нема министер за привлекување на инвестиции, статистиката покажува одлив на странски капитал
Од државата се одлеваат странски инвестиции затоа што владата на Заев е криминална и затоа што нема ниту еден министер за привлекување на инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупнуите директни инвестиции во Македонија бележат одлив од 9.3 милиони евра. Ова е доказ дека владата не носи инвестиции, туку и ги брка постојните.Од почетокот на годината до денес немаме ниту една нива инвестиција во државата, и капиталот што влегува во државата е реинвестиција на постоечките капацитети, кои се дојдени и инвестирале во државата благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Епилогот на ова е драстичен раст на невработеноста. За само 5 месеци во државата има 40.000 невработени лица повеќе. Тоа е резултат на неспособноста на Зоран Заев и желбата да се задоволи личниот и партискиот интерес пред државниот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, бројот на работните места уште сега опаѓа.
-Државниот завод за статистика вчера објави податок дека бројот на работници во индустријата во периодот јануари - јули оваа година во споредба со лани е намален за 4.6 %. Македонија има влада која нема да создава инвестиции и нема да генерира нови работни места. Заев покажува невиден аматеризам и ја става иднината на државата во раце на луѓе кои немаат план и не знаат како. Македонија како последица на лошите политики е симната на листата на Дуинг бизнис, каде своевремено беше на високото 10 место, а сега е на 17 место, со ваква влада уште ќе паѓа, а бројот на компании кои би се решиле да дојдат во Македонија се повеќе ќе се намалува. СДСМ ниту има план, ниту стратегија што со Македонија. Колку повеќе е Заев на власт толку поголеми ќе бидат штетите по државата, се вели во дописот од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа