Close Menu
Press24
    Најново

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“
    • Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот
    • Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
    • Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    • Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
    • Во Колумбија се урна авион со 110 војници
    • Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
    • Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Вистинското лице на претседателот на ССМ излегува на површина

    ВМРО-ДПМНЕ: Вистинското лице на претседателот на ССМ излегува на површина

    03.02.2026 во 09:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вистинското лице на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, излегува на површина. Тој е во служба на СДС и Левицата и одработува за нивни интереси наместо, во согласност со неговата позиција, да ги штити правата на работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Трендафилов е избраник на СДС, кој преку Јованка Тренчевска беше поставен за претседател на ССМ и ден-денес продолжува да ги извршува насоките делегирани од партијата.

    Затоа, по насока на СДС и на Левицата, Трендафилов го одбива покачувањето на платите на административните службеници за 40 %.

    Само за да му се оддолжи на СДС затоа што го поставија на претседателското столче во ССМ, Трендафилов заедно со другарите ја продолжи послушноста што Синдикатот ја има историски кон оваа партија.

    Како на копче, кога СДС е опозиција и му треба тема за политички поени, ССМ се активира и бара повисоки плати, а кога СДС е власт и кога инфлацијата е двоцифрена, платите стагнираат и вработените во институциите со месеци немаат плата, Трендафилов никаде го нема да се побуни за тешкиот живот на работниците и на сите граѓани.

    Сега, без никаква економска анализа со 4 % инфлација, Трендафилов бара за само една година минималната плата да се зголеми за 50 %. А во времето на СДСМ, за седум години власт, минималната плата не се зголеми за толку, односно 50 %, иако имавме енормно покачување на цените во маркетите, двоцифрена инфлација и зголемени сметки за струја до плафон.

    Тогаш никаде ги немаше ССМ и Трендафилов да се пожалат дека со тие плати и со така високите цени во време на власт на СДС македонските граѓани тешко живеат и одвај врзуваат крај со крај.

    За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ е партија што мисли за иднината и за доброто на работниците и на сите граѓани, затоа и бара и нуди разумни, реално издржливи и економски оправдани решенија.

    Да нема негативни ефекти, како економска криза, зголемување на инфлацијата, дупки во буџетите, единствено решение што моментно може да се примени е зголемување на минималната и на другите плати во април годинава за речиси 14 %, кое до 2028 година ќе стигне до 40 %. Во денари тоа претставува зголемување од над 10 илјади денари на платите во администрацијата за само две години.

    Затоа упатуваме повик до Трендафилов барем еднаш да го стави во предност интересот на граѓаните и работниците, да ја остави политиката на страна и да го прифати предлогот на Владата за работниците да добијат повисоки плати“, стои во сооптението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.