ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањето на измамникот Заев за ЕУ е готово, овој човек носи само криминал и стагнација

Ветувањето на измамникот Заев за ЕУ е готово, овој човек носи само криминал и стагнација, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот за ТВ 21.

-Може сега Заев да смислува изговори за неговиот неуспех и неспособност до бескрај, но неговата неспособност и лажни ветувања ги плаќаат граѓаните. Заев ветуваше дека ќе почнеме датум за преговори уште пред 4 години, дури и излажа дека сме добиле датум за преговори. Заев ветуваше дека ќе имаме бесплатно здравство како во Европската Унија. Дека откако ќе го смениме името веднаш ќе влеземе во Унијата, се вели во реакцијата.

Оттаму посочуваат дека Заев ветувал и дека ќе градиме патишта бидејќи ќе влеземе во ЕУ, дека невработеноста ќе се намалела, а платите ќе се зголемат.

-Четири години потроши од нашите животи, а видовме само криминал, корупција и многу лаги. Неговата политика не носи резултати. Тоа е очигледно. Нема ниту еден проект кој граѓаните ќе го паметат а Заев го изгради. Но затоа ќе го паметат по аферите и лагите. Излажа дека договорот со Бугарија е голем исчекор. Се покажа дека е камен на сопнување. Заев не затвори ниту едно прашање во корист на државата, туку единствено ги измами граѓаните. Оставка на Заев и влада за национален спас. Заев е минато, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега