ВМРО-ДПМНЕ: Уште еден пораз за Филипче, медицинскиот персонал почна да си дава откази

 

Додека министерот за здравство, Венко Филипче ја убедува јавноста дека се е под контрола три сестри од Клиниката за инфективни болести си дадоа откази. Клучната Клиника во борбата против КОВИД-19 останува без персонал, и тоа персонал кој е незаменлив. Отказите на медицинските сестри се голем пораз за Филипче. Отказите на медицинските сестри се доказ дека здравствениот систем не функционира онака како што убедува Филипче. Отказите на медицинските сестри се доказ дека кажувањата на Филипче дека се е под контрола во борбата против корона вирусот се лага, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Лагите на Филипче дека Македонија добро се справува со борбата против корона вирусот излегуваат на виделина. Дека лаже Филипче му докажува медицинскиот персонал. Отказите кои си ги поднесоа три сестри од клучната Клиника за борба против КОВИД – 19 или Клиниката за инфективни болести се пораз за Филипче. Македонија и онака останува без медицински персонал. Секоја здравствена установа е десеткувана, без доволно медицински кадар, велат од партијата.

-Што треба да се случи за Филипче да се фати за работа, да ја извршува функцијата министер за здравство и да се грижи за здравствениот систем и како граѓаните да добијат навремени и соодветни услови за лекување, наместо да се грижи за парцели и градење куќи и згради, истакнуваат  ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега