Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Српската пејачка два пати оперирана во рок од една недела – Откри каква и е здравствената состојба
    • Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година
    • Останаа уште два месеци – Колку пари ќе легнат на сметките за К-15
    • Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок
    • Минус температури утрово – најстудено во Берово
    • Дарко Василевски по шест дена протест: „Одам со крената глава, не жалам што кренав глас“
    • Се наближува ноември – Македонската полиција ќе ве казни 45 евра за еден прекршок
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ удри по СДС за дата-центрите: „На нас не ни требаат кинески ботови“

    ВМРО-ДПМНЕ удри по СДС за дата-центрите: „На нас не ни требаат кинески ботови“

    02.09.2026 во 09:362 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС е хистеричен и само декларативно е прозападно ориентирана партија, додека во пракса се покажува дека е на линија на Кина и против САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата обвинуваат дека СДС преку, како што велат, „лажење, заплашување и хистерија“ се спротивставува на можноста во Македонија да се градат дата-центри и да се развива ИТ-индустријата.

    „Изговорите им се дека со тоа ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија, ќе се зголеми цената на струјата и дека ќе се загрозела водата за пиење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму додаваат дека истите тези, според американски медиуми, ги користеле и кинески ботови на социјалните мрежи во САД, со цел да ја свртат јавноста против изградбата на дата-центри и системи за вештачка интелигенција.

    „На нас не ни требаат кинески ботови, за тоа го имаме талогот на СДС на чело со Венко Филипче, кои се на иста линија со Кина, против нашиот стратешки партнер САД и против развојот на нашата држава“, стои во партиското соопштение.

    ВМРО-ДПМНЕ прашува дали СДС би претпочитал во државата да инвестираат кинески компании наместо напредни ИТ-компании од САД.

    Од партијата го обвинуваат СДС и за, како што наведуваат, фаворизирање на „марихуана економија“ за сопствени интереси, посочувајќи дека за време на седумгодишното владеење биле доделени околу 70 лиценци за производство на марихуана.

    „Македонија мора да развива и да обезбедува напредни и добро платени работни места преку инвестиции во вештачката интелигенција и ИТ-секторот, затоа што тоа е иднината и во таа насока се движи светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Српската пејачка два пати оперирана во рок од една недела – Откри каква и е здравствената состојба

    07.10.2026 во 10:26

    Останаа уште два месеци – Колку пари ќе легнат на сметките за К-15

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.