ВМРО-ДПМНЕ трет ден по ред на протести: Оставка на Заев, слобода на народот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска трет ден по ред ќе излезе на улица по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција БГНес.

-Дојде времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна. Граѓаните на Република Македонија се обединуваат против Заев, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес на сенароден протест, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија. Поради заразата со корона, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ Борис Трајковски во Општина Карпош и СЦ Јане Сандански во Општина Аеродром. За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот, велат од партијата.

Опозицијата во четвртокот протестираше во Скопје, а вчера протести беа одржани во седум градови низ државата. Ставот на партијата е дека премиерот Заев ги продава националните интереси. Заев за контроверзното интервју доби поддршка од високото раководство на партијата, но беше мета на голем број критики од јавни личности, историчари, поранешни членови на СДСМ и опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2020 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега