Работниците плаќаат членарина за синдикатот да ги штити нивните права, а не за раководството да организира скапи патувања, привилегии и забави за одбрани поединци. Јавноста заслужува одговор дали навистина биле потрошени околу 60.000 евра од синдикалните средства за спортски игри во Црна Гора? Дали овие средства, собрани од џебот на работниците, биле искористени за задоволување на интересите на тесен круг привилегирани членови? Ова прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение упатено за јавноста.

Дополнително, Деаноски и Трендафилов да кажат дали изборот на локацијата бил направен за да им се излезе во пресрет на поединци блиски до СДС и дали поради таквите калкулации биле маргинализирани и деградирани долгогодишни и заслужни членови на синдикатот.

Наместо борба за повисоки плати, подобри услови за работа и заштита на работничките права, јавноста е сведок на политика на привилегии, селективност и нетранспарентно трошење на парите на членството.

Членството има право да знае каде завршиле нивните пари и кој ќе понесе одговорност.

Синдикатот не смее да биде приватен клуб за привилегирани поединци. Тој постои за работниците, а не работниците за него.

Време е за целосна транспарентност, отчетност и одговорност. 

Exit mobile version