Од УХМР најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Утринава температурите во градовите низ Македонија се движат до 27 степени. Во 11 часот се измерени 12 степени, или најниска утринска температура на Попова Шапка, додека највисока е измерена во Гевгелија, 27 степени.

Во Скопје се измерени 22 степени.

Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до силен ветер од западен правец, кој во западните делови на земјата повремено ќе достигнува брзина над 60 километри на час.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне, во одделни делови од котлината, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени Целзиусови.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до крајот на неделата времето ќе остане променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат поинтензивни процеси со обилни врнежи, силен ветер и можност за појава на град, особено во четврток и сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Exit mobile version