Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е резултат на недовербата во актуелното раководство особено лидерот Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Незадоволството од изборниот резултат расте и кај членови, симпатизери и поранешни функционери на СДС кои се дистанцираат а некои од нив и ја напуштија партијата незадоволни од насоката во која се движи партијата.
Венко Филипче ја губи довербата кај членството поради недостиг на визија, стратегија и кредибилитет.
Филипче со соочува со сериозен пад на довербата и поради блискоста и силното влијание на Заев во партијата. Филипче работи исклучиво по насока на Заев, за тесно партиските интереси на мал круг на луѓе и лукративните цели на кланот Заеви.
Филипче делува како продолжена рака на Заев и е следбеник и континуитет на погубните политики на Заев кои ја доведоа СДС до историски пораз.
Неколку блиски соработници се дистанцираат од Филипче токму поради тоа што сметаат дека нема лидерски капацитет а одлуките ги носи под влијание на Заев. Особено се истакнува случајот со познат доктор и поранешен градоначалник кој одбил функција поради Филипче и неговата зависност од Заев.
Евидентни се потребите од итни реформи во врвот на СДС за да се прекине влијанието на Заев и да се врати кредибилитетот на СДС.
За здрав демократски систем потребно е СДС да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. На Македонија и е неопходна силна и консолидирана опозиција која ќе биде коректор на власта“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Актуелно
- Стаменкоска-Трајкоска изврши увид во уредувањето на речното корито на Мала Рада: Проектот ќе го намали ризикот од поплави во Драчево
- Герасимовски: Вкупно 138 стипендии доделени во науката, спортот, културата и социјалната поддршка
- Димитриеска-Кочоска: Со Предлог-буџетот за 2026 година обезбедуваме фискална консолидација, стабилност, раст и инвестиции како темели за подобар животен стандард
- Мицкоски: ФЗО е претворен во стабилна и модерна институција, обезбеден е историски буџет од 53 милијарди денари
- (ФОТО) Николовски: Запленети 2.500 инфузиски медицински сета – ризични по здравјето на граѓаните
- Насилство во Скопје: Со нож удрил 12-годишно дете по глава, па му ги исекол гумите на велосипедот и го фрлил на булевар
- Минчев: Почнува процесот на трансформација на јавната администрација
- Директорот на БЈБ Јанев од Обединетите Арапски Емирати: Ја зацврстуваме и продлабочуваме соработката меѓу македонската и полицијата на ОАЕ

