Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е резултат на недовербата во актуелното раководство особено лидерот Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Незадоволството од изборниот резултат расте и кај членови, симпатизери и поранешни функционери на СДС кои се дистанцираат а некои од нив и ја напуштија партијата незадоволни од насоката во која се движи партијата.
Венко Филипче ја губи довербата кај членството поради недостиг на визија, стратегија и кредибилитет.
Филипче со соочува со сериозен пад на довербата и поради блискоста и силното влијание на Заев во партијата. Филипче работи исклучиво по насока на Заев, за тесно партиските интереси на мал круг на луѓе и лукративните цели на кланот Заеви.
Филипче делува како продолжена рака на Заев и е следбеник и континуитет на погубните политики на Заев кои ја доведоа СДС до историски пораз.
Неколку блиски соработници се дистанцираат од Филипче токму поради тоа што сметаат дека нема лидерски капацитет а одлуките ги носи под влијание на Заев. Особено се истакнува случајот со познат доктор и поранешен градоначалник кој одбил функција поради Филипче и неговата зависност од Заев.
Евидентни се потребите од итни реформи во врвот на СДС за да се прекине влијанието на Заев и да се врати кредибилитетот на СДС.
За здрав демократски систем потребно е СДС да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. На Македонија и е неопходна силна и консолидирана опозиција која ќе биде коректор на власта“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Актуелно
- (ФОТО+ВИДЕО) Манасиевски: Заев се уште ги држи конците во СДС, Филипче го постави за потпретседател Трајановски, сите тројца летото го поминаа на јахтата на Заев
- СДСМ: Министерот Алиу да ги објави имињата на лекарите и болниците инволвирани во 10-те непотребни кардиохируршки операции
- (ВИДЕО) Русија го бомбардираше Харков
- Три деца исчезнаа во Хрватска – два дена нема трага од нив
- Позната причината за пожарот во домот за стари лица во Тузла во кој загинаа 15 лица
- Следува продолжен викенд – ќе одмориме три дена
- (ФОТО) Митески: Се отстранува објект на тревникот до „Капитол Мол“ – просторот ќе им биде вратен на граѓаните
- ВЛЕН: Минималната плата се зголемува на 26.400 денари

