ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Весковски се фатени во местење на тендер од 300.000 евра и преплатени ставки и до 8 пати
Петре Шилегов и Душко Весковски, да не се радуваат на тоа што во ЈО сега не отвораат истрага, и да мислат дека така ќе се спасат од одговорност за местење на тендер од 300.000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека доказите кои ги доставиле до ЈО покажуваат недвосмислено натплаќање на голем број на услуги и до 8 пати повеќе од цената која била плаќана во 2017 година.
-Дополнително доказите јасно покажуваат дека градежните зафати првин биле направени, а дури два месеци потоа бил распишан тендер со цел да се исплати фирмата изведувач. Криминалот кој го направиле Шилегов и Весковски нема да застари. И Шилегов и Весковски ќе одговараат согласно закон. По промената на власта во Скопје, парите на граѓаните ќе се трошат одговорно и за што поголемо задоволување на потребите на скопјани. А сите незаконитости од минатото ќе бидат ревидирани и санкционирани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа