ВМРО-ДПМНЕ: Шест години СДС и ДУИ не ставија цигла на Клиничката болница во Штип

 

 

Според ВМРО-ДПМНЕ, шест години СДС и ДУИ не ставија цигла на Клиничката болница во Штип, која е оставена во напредна фаза на реализација.

„СДС и ДУИ шест години се изживуваат со штипјани и народот од истокот на Македонија, 6 години пациентите од истокот се лечат во лоши услови, и неможат да ја добијат Клиничката болница, која оваа власт ја наследи во напредна фаза и требаше година дена работа за да ја дозаврши“, истакнуваат од опозициската партија.

Додаваат дека СДС и ДУИ не ја довршија болницата, и ја оставија во состојба во која и ја затекнаа, без да продолжат со работа.

300.000 наши сограѓани, како што додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, кои гравитираат околу Штип имаат полоши услови за лекување заради СДС и ДУИ.

10.07.2023 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега