ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се проблемот за корумпираноста во судството а не решение

Се тресеше гората, се роди глушец. Маричиќ денеска најави дека ќе се врши ревизија на дури 5% од судските случаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес конференцијата на Министерот за правда Бојан Маричиќ.

„Кој кого ќе ревидира и како? Дали Маричиќ ќе треба да ги ревидира одлуките на својот татко и сопруга, на нивни колеги и познаници?! Не може СДСМ кои се проблемот за корумпираноста на судството да бидат решение.Случаите против Зоран Заев, се класичен пример за одолговлекување на предмети и нивно држење во фиока, но и за аматеризам во правото. Дали Маричиќ ќе го ревидира процесот против Заев кого цела јавност го виде како бара " евро за Вицето, евро за црквата " а остана неказнет и сега е премиер?! 

Дали ќе се ревидира постапката за аболиција на Заев за криминал од 8 милиони евра, постапката против Боро Марлборо, кој беше фатен како шверцува цигари, а е осуден условно?!

Или кога е СДСМ во прашање нема да има ревизија. Секако дека ниту еден од овие предмети, каде има еклатантна корупција нема да биде предмет на ревизија, затоа што се додека Заев е премиер и правдата ќе биде гнила“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека Заев е изворот на корупцијата, на кого не му одговара ред и правда. На Заев му одговара неправда. Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега