ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ држи прес-конференции на ниски страсти додека предавникот Ковачевски ја распродава државата

 

Одлика на СДСМ е да држат прес-конференции на ниски страсти додека предавникот Димитар Ковачевски ја распродава државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до медиумите.

„Додека се прави асимилација и бугаризација на СДСМ и додека се распродава историјата СДСМ ја замајува јавноста.

Спротивно на волјата на народот кој веќе две недели е на улиците низ Македонија, Ковачевски, Османи и Маричиќ на сила се обидуваат да го протнат предлогот за асимилација на Македонија. Нема поголема одговорност од тоа да ја предава земјата Ковачевски, а антимакедонската СДСМ да ја дефокусира јавноста.

Ковачевски ќе одговара за велепредавство на државата и македонскиот народ, за ова понижување кое го прави со предлогот за бугаризација на Македонија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

16.07.2022 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега