Close Menu
Press24
    Најново

    Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ почнува за околу 40 дена – Се решава голем проблем на повеќе од 100.000 граѓани

    04.03.2026 во 10:06

    Израел: Ќе го елиминираме наследникот на Иран

    04.03.2026 во 10:04

    ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Безобразно е да користите трагедија за политички поени

    04.03.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ почнува за околу 40 дена – Се решава голем проблем на повеќе од 100.000 граѓани
    • Израел: Ќе го елиминираме наследникот на Иран
    • ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Безобразно е да користите трагедија за политички поени
    • СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
    • Стигна првата тура евакуирани патници: Србите се солидаризираа и товарија Македонци од Израел
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС водеше антидржавничка политика за остварување на бизнис интереси
    • ВМРО-ДПМНЕ: Откако ја водиме владата, македонската економија со позитивен раст на БДП
    • Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистини за откупот на грозје, обезбедивме  сигурен откуп и исплата на лозарите  

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистини за откупот на грозје, обезбедивме  сигурен откуп и исплата на лозарите  

    19.09.2025 во 16:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДС повторно шири невистинити и обиди за манипулација со лозарите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „СДС сега глуми загриженост,  а токму тие во нивното владеење не понудија  ниту еден  оддржлив модел за откуп на грозје.

    Граѓаните знаат дека токму во времето на СДС и нивните ниски откупни цени, останаа насобрани милиони килограми винско грозје.

    За разлика од празните зборови и манипулациите на СДС, резултатите на терен говорат доволно јасно.

    Од СДС треба да се запознаени дека одредбата од Законот за вино, која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите, е донесена токму во нивно време.

    За разлика од нив и нивните „ефикасни мерки“ за земјоделците, посветеноста и работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и МЗШВ овозможи оваа година оспособување на системите за наводнување кои ги остави СДС во катастрофална состојба, а бенефитите од ова оспособување ги гледаме во  зголемениот придонес на винско грозје.

    Едно е јасно, а тоа е дека откупот на грозјето се одвива континуирано и организирано, со над 78 милиони килограми винско грозје откупени заклучно со 16.09.25 година.

    Владата и МЗШВ имаат јасна визија и обезбедени механизми за откуп и на преостанатите количини. Се работи со повеќе винарии, а вклучувањето на Вардар винарија е само дел од дополнителниот капацитет кој ќе обезбеди лозарите да немаат загуби.

    Исплатата на лозарите е гарантирана со државна поддршка и нема да се дозволи ниту еден килограм грозје да остане неисплатен.

    Денес лозарите гледаат иднина со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со усогласена откупна цена, со сигурен откуп и навремена исплата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Featured
    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08

    Пошумување на опожарена површина на Голак

    03.03.2026 во 21:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.