СДС повторно шири невистинити и обиди за манипулација со лозарите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС сега глуми загриженост,  а токму тие во нивното владеење не понудија  ниту еден  оддржлив модел за откуп на грозје.

Граѓаните знаат дека токму во времето на СДС и нивните ниски откупни цени, останаа насобрани милиони килограми винско грозје.

За разлика од празните зборови и манипулациите на СДС, резултатите на терен говорат доволно јасно.

Од СДС треба да се запознаени дека одредбата од Законот за вино, која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите, е донесена токму во нивно време.

За разлика од нив и нивните „ефикасни мерки“ за земјоделците, посветеноста и работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и МЗШВ овозможи оваа година оспособување на системите за наводнување кои ги остави СДС во катастрофална состојба, а бенефитите од ова оспособување ги гледаме во  зголемениот придонес на винско грозје.

Едно е јасно, а тоа е дека откупот на грозјето се одвива континуирано и организирано, со над 78 милиони килограми винско грозје откупени заклучно со 16.09.25 година.

Владата и МЗШВ имаат јасна визија и обезбедени механизми за откуп и на преостанатите количини. Се работи со повеќе винарии, а вклучувањето на Вардар винарија е само дел од дополнителниот капацитет кој ќе обезбеди лозарите да немаат загуби.

Исплатата на лозарите е гарантирана со државна поддршка и нема да се дозволи ниту еден килограм грозје да остане неисплатен.

Денес лозарите гледаат иднина со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со усогласена откупна цена, со сигурен откуп и навремена исплата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Leave A Reply

Exit mobile version