Поради технички зафати, мрежни активности и инвестициски зафати на електросистемот, утре (25.09.2026 година) повеќе улици и делови од скопските општини Бутел, Чаир, Сопиште, Центар и Илинден привремено ќе останат без електрична енергија.
Еве ја комплетната распоред-активност по општини:
- Општина Бутел: Без струја од 08:00 до 14:00 часот ќе биде дел од потрошувачите од улицата Хо Ши Мин.
- Општина Чаир: Прекин од 08:30 до 12:30 часот ќе имаат корисниците на улиците Џон Кенеди, Перо Тошев и Максут Садик. Исклучувањето е поради работа во трафостаниците Топаанско Поле 24 и Топаанско Поле 25, што опфаќа поправка на раставувачи, долевање масло во трансформаторите и кабелските глави, како и чистење на ТС.
- Општина Сопиште: Без напојување од 08:30 до 14:30 часот ќе останат корисниците на дел од Улица 9 и дел од Улица 1.
- Општина Центар: Прекин од 09:00 до 13:00 часот е најавен за дел од улицата 11 Октомври (згради бр. 86 и бр. 52) и околните објекти.
- Општина Илинден: Без струја од 12:00 до 13:00 часот ќе биде дел од корисниците лоцирани после гробиштата во Илинден.


