Вчера во 06:40 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“ – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена Е.Д.С.(31) од населба Илинден, соопшти МВР.

Според пријавеното, жената била удрена од електричен тротинет, по што женското лице кое го управувало тротинетот го напуштило местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Exit mobile version