Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири лаги за водата во Велес со извештај стар година и пол за да креира паника

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири лаги за водата во Велес со извештај стар година и пол за да креира паника

    24.07.2026 во 18:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС се жив доказ дека се способни да го пробијат моралното дно, да користат случаи кои ги загрижуваат граѓаните, само за свој личен интерес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Во тој контекст се и нивните обиди од изминатите дена, со ширење лаги да креираат хистерија која предизвикува страв и несигурност кај граѓаните.

    Очигледно е дека треба да се внимава на информациите кои ги пласира СДС, лани ширеа хистерија околу пожарите, а оваа година се обидуваат да создадат паника за загаденоста на водата, пласирајќи стар извештај за водата во Велес како да е актуелен.

    СДС повторно се служи со манипулации и дезинформации за да ќари политички поени на сметка на стравот кај граѓаните.

    Извештајот што го пласираат е стар година и пол, од февруари 2025 година, и се однесува на село Сливник во општина Велес, населено место кое не е поврзано со градскиот водовод. Наместо факти, СДС свесно шири застарени информации за да предизвика вознемиреност кај јавноста.

    Толку се очајни што не се двоумат да ја злоупотребуваат темата за здравјето на граѓаните за дневнополитички цели.

    Намерното ширење паника и дезинформации е крајно неодговорно однесување и не смее да стане средство за собирање политички поени.

    Граѓаните препознаваат дека ваквите обиди се резултат на очајот на СДС поради нивниот пад на довербата и рејтингот“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.