Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС по насока на Заев промовира антидржавна политика

    28.03.2026 во 10:26

    (ФОТО) Граѓаните најмногу му веруваат на Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите

    28.03.2026 во 10:16

    Меџити: Чаир со 13 нови решенија за вработување во образованието

    27.03.2026 во 23:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС по насока на Заев промовира антидржавна политика
    • (ФОТО) Граѓаните најмногу му веруваат на Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите
    • Меџити: Чаир со 13 нови решенија за вработување во образованието
    • Четири хороскопски знаци кои никогаш не признаваат грешка
    • Виткоф со остар аларм: Не смееме да дозволиме уште една „Северна Кореја“ на Блискиот Исток
    • Заливот под оган: Иранската офанзива ги гаѓа Саудиска Арабија и Емиратите
    • Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон
    • Нафтата „експлодира“: Барел над 111 долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС по насока на Заев промовира антидржавна политика

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС по насока на Заев промовира антидржавна политика

    28.03.2026 во 10:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.

    Освен што СДС, кога беше на власт спроведуваа антидржавна политика, сега од опозиција, по насока на Венко Филипче, Зоран Заев и Башановиќ продолжуваат со промовирање на таквата политика.

    Благодарение на таквиот сервилен однос кон туѓите интереси на штета на државните, само и само Заев да остане на власт или, пак, сега Филипче да ја задржи претседателската фотелја, СДС ја турнаа во ќорсокак и ја претворија во прокси партија.

    И сето ова се случува по директни насоки и директиви на куќниот пријател и советник на Заев, Башановиќ.

    Поданичкиот однос и коленичењето спрема одредени наши соседи и уважување на сите нивните барања, на сметка на интересите на Македонија, е антидржавна политика која ја има и во статутот на СДС.

    Филипче, Заев ја промовираат ваквата политика преку ПР стратегијата контролирана од нивниот пријател Башановиќ и со тоа ги предаваат и партиските и националните интереси, кои се штетни и за државата и за македонскиот народ.

    Токму затоа и рејтингот на СДС и Венко Филипче, може да се каже дека е на ниво на статистичка грешка кој може да се изброи на прсти.

    По трагично од сето ова е што СДС и Филипче се чудат зошто е тоа така и не извлекле поука од последователните катастрофални изборни порази.

    Не ги научија лекциите кои народот им ги одржа и продолжија да делуваат антидржавно, а сега и по насока на советникот на Заев, Зоран Башановиќ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС по насока на Заев промовира антидржавна политика

    28.03.2026 во 10:26

    (ФОТО) Граѓаните најмногу му веруваат на Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите

    28.03.2026 во 10:16

    Меџити: Чаир со 13 нови решенија за вработување во образованието

    27.03.2026 во 23:48

    Четири хороскопски знаци кои никогаш не признаваат грешка

    27.03.2026 во 23:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.