Close Menu
Press24
    Најново

    По нападите Кипар бара членство во НАТО

    07.03.2026 во 15:41

    Филипче: СДСМ го откажува маршот во Богданци, на 8 Март се приклучуваме на граѓанскиот протестот „Нема да нè снема“ во Скопје

    07.03.2026 во 15:02

    Трамп: Иран е принуден да попушти

    07.03.2026 во 14:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По нападите Кипар бара членство во НАТО
    • Филипче: СДСМ го откажува маршот во Богданци, на 8 Март се приклучуваме на граѓанскиот протестот „Нема да нè снема“ во Скопје
    • Трамп: Иран е принуден да попушти
    • Премиерот ги смирува граѓаните: Има нафта
    • Утре посебен сообраќаен режим во Скопје: Ќе се маршира за Денот на жената
    • ВИДЕО: Голем пожар во Штип – газдите спасуваа кози и јариња
    • Предлог името за нов државен јавен обвинител Владата ќе го открие следната недела
    • Меџити за инвестицијата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“: Ова е историја за албанското образование
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС наликува на секта

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС наликува на секта

    07.03.2026 во 13:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Начинот на кој почнаа да се однесуваат функционерите на СДС сè повеќе наликува на секта, а не на политичка партија. Исти фрази, исти напади, исти координирани настапи и очајнички обиди да се создаде вештачка атмосфера на хаос во јавноста. Кога една политичка структура ќе почне да функционира како затворен круг кој живее од сопствени заблуди и постојано ги повторува истите конструкции, тогаш станува јасно дека проблемот одамна не е политички, туку многу подлабок! Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција испратена до медиумите.

    Жал ни е што се однесуваат како секта и сериозно сме загрижени за психичката вознемиреност која очигледно владее во врвот на СДС. Наместо аргументи, наместо политика, наместо барем минимална рационалност од нивните прес-конференции излегува нервоза, паника и очај.

    Стравот од сопствениот политички крај и одговорноста за пустошот што го оставија зад себе, ги тера да се движат низ темните ходници на тешките политички и психички трауми. Затоа реагираат нервозно, затоа врескаат на прес-конференции и затоа очајно се обидуваат секоја трагедија да ја претворат во политички циркус.

    Ги повикуваме да застанат.

    Да се преиспитаат.

    Да ги анализираат сопствените потези.

    Ако барем малку се погледнат од страна, ќе сфатат дека ова што го прават не е политика, туку симптом на сериозна политичка и психолошка криза.

    Од почит кон јавноста и одговорноста кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ целосно ги негира и отфрла овие очајни и бесрамни обиди трагедиите да се злоупотребуваат за дневнополитички напади.

    Македонија заслужува сериозна политика, а не политичка хистерија и очајни настапи од една партија која очигледно не може да се помири со сопствениот пораз, реагирааат од ВМРО-ДПМНЕ.

     

    Популарно

    Скандал во Црна Гора: Поранешна функционерка заврши во полиција поради експлицитни снимки

    07.03.2026 во 10:56

    СДСМ: ВМРО и Мицкоски ветуваа дека ќе го вратат името, зошто чекаат?

    07.03.2026 во 10:46

    Балканот во шок: Дојави за бомби – се вршат итни евакуации

    07.03.2026 во 12:21

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.