ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја зголеми цената на струјата за 2.5 пати

 

„СДС ја зголеми цената на струјата за 2.5 пати, со Мицкоски имавме 4-та најевтина струја во Европа, сега плаќаме 8-ма најскапа“ обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партискиот став е дека „во 2017 година, кога претседателот Мицкоски е директор на ЕЛЕМ, македонското стопанство плаќа една од најниските цени на струја, 5 години потоа кога ЕЛЕМ го раководи СДС, стопанството плаќа струја поскапа од 32 држави во Европа“.

„СДС не направи ништо да го зголеми производството. И тоа не само што не е зголемено, туку е и намалено. Од скоро 6 терават часови произведена струја за една година во време на ВМРО-ДПМНЕ, сега едвај се прозиведуваат 4“ порачуваат од партијата.

„Доколку СДС не беа неспособни ќе го зголемеа домашното производство, или во најмала рака ќе го одржеа. Скапата струја е последица на неработата на владата, компаниите и граѓаните се жртви на таа неспосбност“ велат оттаму.

07.10.2022 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега