ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се со полни зборови за Европа, еве нека прифатат устав, како во Eвропа и Македонија да стане нацонална држава на македонците
„Секој ден граѓаните ги слушаат СДС и ДУИ со полни зборови за Европа, а еве им сега шанса да ги претворат во дела тие зборови. ВМРО-ДПМНЕ безусловно и веднаш, прифака уставни измени по моделот на Хрватска.
Македонија да стане национална држава на Македонците и малцинствата во нејзе. Односно Македонија би била држава на еден народ, со широко набројување на сите малцинства.“ - велат во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа би изгледало вака:
"Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права, со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН"
Веруваме дека СДС и ДУИ нема да имаат ништо против, да прифатат европски устав како решение за уставните измени.- стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа