Close Menu
Press24
    Најново

    65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони

    02.03.2026 во 23:47

    Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера

    02.03.2026 во 23:30

    Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија

    02.03.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони
    • Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера
    • Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија
    • Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму
    • Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет
    • Репрезентативецот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран
    • Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
    • Пентагон: САД нема да се впуштат во нова „бесконечна“ војна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС е трагедија на македонското општество

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС е трагедија на македонското општество

    03.12.2025 во 13:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    ВМРО-ДПМНЕ смета дека реакцијата на СДС е на ниво на состојба која е надвор од сферата на политиката, а повеќе во сферата на душевното здравје на авторите кои од ноторни криминалци прават жилави луѓе и жртви. На народот ова соопштение не му смешно, нити интересно, затоа што токму тој народ е ограбен и злоупотребена е неговата доверба од страна на паланечки интриганти и лопови кои ја користеа политиката за свои цели за сега нивните платеници да раскажуваат вакви неинвентивни вицови и да сметаат дека којзнае што кажале, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.

    „Тој ментален склоп и тој систем кој тие го имаат создадено е трулежот на македонското општество. И колку и да глумат кловнови со вакви соопштенија (жалиме за реториката но посоодветен термин не можеме да најдеме), сепак нема да може да избегаат од својата одговорност за сите свои злодела.

    Убедени сме дека оваа реакција или ја пишувал лично Зоран Заев или некој кој им е на платен список и сака да им испадне интересен и се адаптира на нивниот систем на вредности и хумор кој е разбирлив за одредена категорија на луѓе. 

    Но и друг да ја пишувал убедени сме дека ја одобрил директно Зоран Заев. Филипче не го ни прашале за реакцијава. Ова е трагедијата на македонското општество. Трагедија која со работа и посветеност ќе ја решиме и претвориме во шанса и надеж“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму

    02.03.2026 во 22:54

    Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија

    02.03.2026 во 23:05

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.