Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на стаклени нозе

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на стаклени нозе

    09.11.2025 во 11:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС е на стаклени нозе и само продолжува да тоне, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова  ги изгуби и  своите некогашни  бастиони.

    Претседателот на СДС, Венко Филипче, постојано најавуваше реформи во структурите на партијата. Но ваквите негови изјави, затоа што предолго само се најавуваат, а не се случуваат, со тек на време станаа само празни зборови.

    И наместо вистинска реформа, гледаме само континуитет на истите штетни пракси што ја доведоа првично партијата до оваа состојба во која се наоѓа денес денес.

    Оттука, може да се заклучи дека заевизмот и понатаму доминира во СДС, и се додека  Филипче и неговиот ментор управуваат со СДС, партијата ќе продолжи да биде партија во слободен пад.

    Јасно е дека, доколу СДС не се консолидира, не се реформира, и целосно не го искорени заевизмот од своите редови, партијата ризикува целосно да престане да постои како дел од македонската политика.

    Потребна е конструктивна опозиција која ќе нуди решенија  не полемичарење во празно, а Венко Филипче како претседател на СДС, не покажа ниту капацитет ниту пак некаква волја да ја извлече партијата од кризата во која се наоѓа.

    СДС и Филипче треба да знаат дека конструктивна опозиција не се гради преку празни реторики. Потребни се транспарентни процеси, потребна е реформација во структурите на партијата и искоренување на штетните пракси.

    Најавите за реформи на Филипче не се доволни сами по себе и се потребни конкретни чекори. Затоа, неговата оставка е единствен логичен чекор, и воедно е прв услов за СДС да има било каква иднина и можност за реформи“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.