СДС цела недела молчи за празнењето и препродавањето на стоковите резерви на црните пазари во ек на криза. СДС молчи за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата и за криминалот вреден 800.000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Димковски направил записник, а потоа и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 тони јачмен и пченица.

Криминалната влада на СДС за краток период смислила начин за тоа како да го камуфлира и прикрие недостатокот за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата.  Нови тендери за „камуфлажа“ каде владата на СДС потпишала 2 тендера за 20.000 тони јачмен и пченица.

Преку овие два тендера Заев, Филипче и Николовски сметале дека ќе го прикријат недостатокот во стоковите резерви кој завршил на црниот пазар во соседните држави?

Каде завршиле 800.000 евра пари на граѓаните? Кој се профитирал од препродажбата на пченицата и јачменот по двојна или тројна цена на црните пазари во ек на криза?

СДС да каже каде завршиле 800.000 евра откако преку 2 тендери за 20.000 тони јачмен и пченица сакале да им послужат како камуфлажа за отпишаните 2.000 тони од стоковите резерви?

Време е СДС да се огради од криминалците во своите редови. Време е СДС да расчисти со пипците од криминалниот октопод во своите редови и партиски функционери. На Македонија и е неопходна силна и конструктивна опозиција“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version