Студенти кои се обратија до Студентарија велат дека проблемот го пријавиле уште кога ги забележале првите знаци на влага, но, според нив, не било навремено постапено. Во меѓувреме состојбата се влошила, а водата продрела во собата.
Покрај протекувањето, студентите реагираат и на недостиг на греење и проблеми со ролетните, пријавени уште од вселувањето.
🏢 „Стив Наумов“ беше пуштен во употреба во септември по реконструкцијата, која од МОН беше најавувана како „темелна“, со цел целосно реновирање на домот и обезбедување современи услови за студентите, пренесува Студентарија.
За обновата на домот беа предвидени околу 10 милиони евра, а според јавните најави реконструкцијата опфаќала и комплетна промена на инсталациите.
Студентите бараат надлежните навремено да реагираат и да ги отстранат проблемите.


