ВМРО-ДПМНЕ протестираше во Тетово: Срамота е во 21 век да немаме основни услови за живот и чист воздух

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест во Тетово под мотото „Загадувањето убива кога власта е неспособна-Стоп за депониите“. Пораките кои претседателот на ОК ВМРО- ДПМНЕ Тетово, Ангел Карапетров ги упати се следните:

- Во моменти на пандемија која ги напаѓа претежно белите дробови, власта не осудува и казнува со нечист воздух. 21ви век, а ги немаме основните услови за живот, чиста вода и чист воздух. Некогашниот мал Париз, урбанистички среден и зелен град познат по чисти улици, свеж воздух паркови и чиста шарпланинска вода, денес уништен, угнетен, распарчен, загаден и осквернавен. Тетово денес наликува на постапокалиптичен град. Тетово денес е пример што се случува со едно општество кога имате корумпирана власт на чело на институциите која управува со ресурсите и животите на луѓето, рече Карапетров.

Тој рече дека наместо решение за подобар живот граѓаните добија  повеќе проблеми.

-Наместо светла иднина за нашите деца добивме пресуда за безнадежност. Но јас велам доста е, наша должност е да се избориме за следните генерации, посочи Карапетров.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Ангел Карапетров ги повика сите да се обединат и стават крај на корупцијата, негрижата, и криминалот.

-Ве повикувам сите, без разлика на верската и етничката припадност  да се обединат и да ставиме крај на ова лудило. Да ставиме крај на корупцијата, негрижата, криминалот. Време е да го вратиме сјајот на Тетово. Време е да го вратиме епитетот мал Париз, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.11.2020 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега