ВМРО-ДПМНЕ: Пожари беснаат низ државата, а власта не може да се организира да изгасне еден пожар

 

 

Пожари беснаат низ државата, а власта не може да се организира да изгасне еден пожар, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Институциите не реагираат на време и големи површини со шума горат од неажурноста на власта. Како и за се до сега потребно беше јавноста и медиумите да реагираат, за институциите да почнат да работат. СДСМ се однесува неодговорно и не води грижа за земјата.

Апелираме до власта во периодот што иде да покаже поголемо ниво на организација и да реагира правовремено при справување со потенцијалните пожари или друг вид непогоди, кои се веројатни во овој период од годината. Секоја ненавремена реакција ги чини граѓаните пари и оштетен имот“ велат од партијата.

26.07.2022 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега