ВМРО-ДПМНЕ: Поради СДСМ, граѓаните се во „државен притвор“

Постојат основани сомненија дека за да му направат сопки на техничкиот министер од опозицијата, СДСМ и ДУИ свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ, обвини ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.

За ова малтретирање на народот, велат од партијата, мора да има одговорност и повикаа на измена на законот за патните исправи.

„Сега кога се им е јасно на граѓаните и кога е очигледна неспособноста и неодговорноста на СДС, ДУИ, Ковачевски и Спасовски и кога народот е доведен во ќорсокак, ВМРО-ДПМНЕ им нуди решение за оваа состојба. Имено СДС и ДУИ треба да им дозволат на своите пратеници во Парламентот да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и пасошите да продолжат да важат. Ова решение и според експертите и според јавноста е применливо и прифатливо“, велат од партијата.

Заклучуваат дека СДСМ и ДУИ поради инает, неспособност и неодговорност ги ставиле граѓаните во „државен притвор“.

 

18.02.2024 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа